недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 86
home Хроника

Момче тешко повредено, со автомобил излетал од обиколницата кај Стајковци

Момче тешко повредено, со автомобил излетал од обиколницата кај Стајковци

Вчера околу 22,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на обиколница кај село Стајковци, патничко моторно возило „Хонда сивик“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.Г. (19) од Скопје излетало од патот и удрило во метален браник и бетонска ограда.

По незгодата, со возило на Итна медицинска помош, возачот бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус