недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 37
home Хроника

Момче се бори за живот откако со автомобил се заби во бетонски столб

Момче се бори за живот откако со автомобил се заби во бетонски столб
фото илустрација

На 18.02.2018 година околу 13.00 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.В.(22) од село Вејце, тетовско, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски електричен столб.

Од ударот, возачот В.В. се здобил со повреди и со медицинско возило бил пренесен во тетовската клиничка болница.

Подоцна, поради сериозноста на повредите, В.В. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус