среда, 25. април 2018. Вести денес: 32
home Хроника

Момче од Пробиштип направило хаос: Учествувал во сообраќајка па избегал, а кога го уапсиле нападнал полицаец и повторно избегал

Момче од Пробиштип направило хаос: Учествувал во сообраќајка па избегал, а кога го уапсиле нападнал полицаец и повторно избегал

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Р. О. (20) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста на службено лице”, „бегство на лице лишено од слобода” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.

На 25.03.2018 година околу 05.50 часот во Пробиштип пријавениот учествувал во сообраќајна незгода и го напуштил местото, но набргу потоа бил фатен и приведен во полициска станица.

При приведување, тој упатувал закани по животот на полициските службеници и нивните семејства.

Истиот ден околу 16.40 часот во Полициската станица Пробиштип, во просториите за задржување, пријавениот физички нападнал полициски службеник и побегнал.

При повторното приведување, тој пружал активен отпор, а се обидувал физички да ги нападне полициските службеници.