сабота, 17. август 2019. Вести денес: 38
home Хроника

Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија (ФОТО)

Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија (ФОТО)

Дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

Нашинецот загинал на самото место на несреќата, а возачот М.В.(38), кој има лесни повреди, е приведен бидејќи пијан возел и ја предизвикал сообраќајката. Бекири починал, иако итната помош со масажа на срцето се обидувала да го одржат во живот до доаѓање на хеликоптерот со кој требало да биде пренесен во болница во Анкона.

Бекири бил роден во селото, а неговите родители пред околу 30 години се преселиле во Италија. Тие заедно со братот на Бекири биле во Македонија да го поминат летниот одмор каде и ја слушнала најлошата вест.

Според познаниците, Бекири вечерта се качил во автомобилот „алфа роео 147“ на М.В., кој денот го поминал пиејчи по кафеани во блискиот град, каде се сретнал со поиннатиот.Тој го повикал заедно да се вратат во Кастиџано, но возачот излетал од еден свиок и по произгувањето од 30-ина метри удрил во дрво.

По приведувањето М.В. имал 1,6 промили алкохол во крвта. Од друга страна, Бекири не бил пијан, ниту, пак, пиел често алкохол.

Извор: 24инфо.мк