Во Полициската станица Крива Паланка вчера бил приведен И.М. (19) од Крива Паланка, постапувајќи по пријава во 20.14 часот од страна на А.Ј. од Крива Паланка, според која во угостителскиот објект, во кој тој бил управител, И.М. со метален предмет нападнал еден од вработените.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.