На 24.05.2019 околу 21:30 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во локал во с.Градец, општина Врапчиште, Б.Х.(25) од с.Градец физички го нападнал К.И.(24) од с.Градец.
Според пријавеното, Б.Х. со остар предмет му нанел убодна рана на левата рака на К.И..
На К.И. му била укажана лекарска помош во болницата во Гостивар.
Се работи на расчистување на случајот.