вторник, 20. април 2021. Вести денес: 73
Во живо

Протест на угостителите и туристичките агенции

home Хроника

Момче од Албанија со остар предмет повредило татко и син од Росоман

Момче од Албанија со остар предмет повредило татко и син од Росоман

Момче од Албанија со остар предмет повредило татко и син од росоманско, при физичка пресметка синоќа во Росоман, за МИА потврдија од МВР.

– Синоќа во 21.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во Росоман, пред угостителски објект, по кратка вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу средовечен жител на росоманското село Рибарци и неговиот 26 годишен син, од една страна и Б.К. (22) и неговиот татко П.К., двајцата од Албанија, од друга страна, појаснија од МВР.

Притоа, Б.К. со остар предмет ги повредил таткото и синот од Рибарци. По настанот, повредените биле пренесени во болницата во Кавадарци.

Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус