недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Момче нападнало полицаец на должност во Скопје

Момче нападнало полицаец на должност во Скопје

Полицаец бил нападнат во скопско Кучевиште додека бил на должност, соопшти полицијата.

-Во 00:35 часот синоќа на ул.„Бутелска“ во Скопје, 25-годишниот Д.Г. од село Кучевиште, скопско, физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот, информира МВР.