петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Момче избодено со нож по расправија

Момче избодено со нож по расправија

Дваесет и четири годишниот Л.Н. е повреден откако по расправија бил избоден со нож.

Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера околу 21:30 часот кога Л.Н. од село Арачиново пријавил дека на улица „11″ се сретнал со А.Н., при што започнале расправија.

Во еден момент А.Н. со нож го прободел Л.Н. неколку пати.

На оштетениот му била укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски”.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Коронавирус