вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 33
home Хроника

Младо момче три месеци краде низ цело Куманово

Младо момче три месеци краде низ цело Куманово

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против деветнаесетгодишен кумановец кој за помалку од три месеци извршил пет тешки кражби на различни локации во градот, информираа денеска од СВР Куманово.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Р.(19) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 и едно кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Пријавениот во периодот од 23 мај до 9 август годинава извршил тешки кражби на различни локации во Куманово, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Коронавирус