среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 69
home Хроника

Младо момче со мотор излетало од автопатот Скопје – Тетово, починал во болница

Младо момче со мотор излетало од автопатот Скопје – Тетово, починал во болница

На автопатот Скопје – Тетово, на обиколница на град Скопје, после клучка Мирковци, вчера вечерта Д.З.(25) од Скопје, управувајќи мотоцикл „априлија“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

-По незгодата Д.З. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им подлегнал на повредите, информира МВР.

Извршен е увид на местото на незгодата, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Коронавирус