вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 138
home Хроника

Младо момче пронајдено починато во својот дом

Младо момче пронајдено починато во својот дом

Младо момче било пронајдено починато во својот дом во Прилеп.

Како што информираат од полиција, вчера во 14:50 часот Б.В. пријавила дека истиот ден околу 13:00 часот на улицата „Победа” во Прилеп, во неговиот дом бил пронајден починат 24-годишниот Ј.С. од Прилеп.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено за обдукција.