недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Младо момче претепано во Скопје, го нападнале две лица

Младо момче претепано во Скопје, го нападнале две лица

На 15.07.2018 година во 11:25 часот  во  Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека на 13.07.2018 година кај нив бил донесен Ј.М.(20) од Скопје со повреди здобиени од физички напад.

Според изјавата на неговиот татко, на 12.07.2018 година во вечерните часови неговиот син бил физички нападнат од страна на Ф.А. и Ф.А. од Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус