СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(21) од Куманово, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 21.05.2020 на улица „Младен Стојановиќ“ во Куманово, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот при што пронашле и одзеле кокаин.