петок, 20. септември 2019. Вести денес: 118
home Хроника

Младо момче од Тетово прободено со нож, тројца во полициска станица

Младо момче од Тетово прободено со нож, тројца во полициска станица

Дваесет и едногодишен жител на Тетово заврши во болница со убод во левата надлактица, а тројца млади од селото Порој самите се пријавиле во полициска станица по вчерашната физичка пресметка и употреба на нож пред угостителски објект на улицата „Јане Сандански“ околу 22 часот.

-Дваесет и едногодишниот Ј.Ј. од Тетово пријавил дека во локалот бил со другар С.М. (19 години). На излегување физички бил нападнат од три лица од Порој со кои се знаел од претходно М.А. (20) Ф.К. (19) и К.Н. (19). Потоа М.А .со нож го нападнал 21- годишникот и му нанел убодна рана во лева надлактица, изјави Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Повредениот успеал да избега од местото и да се упати во Клиничката болница за да побара лекарска помош. Оттаму случајот го пријавил во полиција.

-Тројцата пријавени час и половина по случката самите се пријавиле во полициската станица каде се задржани за понатамошна постапка, рече Јосифовски.

По пријавувањето е направен и увид од страна на Обвинителството и се работи на расчитување на случајот и утврдување на деталите.