сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 99
home Хроника

Младо момче од радовишко ја силувало својата 72-годишна баба

Младо момче од радовишко ја силувало својата 72-годишна баба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривични дела – Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 и Родосквернавење од член 194 став 1 од Кривичниот законик, наведено е во соопштението.

„Осомничениот 24-годишен жител на радовишко село, на 2 јули, во дворот на семејната куќа, извршил обљуба врз неговата 72-годишна баба, злоупотребувајќи ја нејзината немоќна состојба на болна жена со инвалидитет и моторен дефицит, поради кои не била во можност да се одбрани. Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата нa претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението.

Коронавирус