сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 22
home Хроника

Младо момче и малолетник добија кривични пријави поради напад на полицајци во Виница

Младо момче и малолетник добија кривични пријави поради напад на полицајци во Виница

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Е.(18) и малолетник, двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 30.11.2019 во Виница, пријавените физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија, информираат од МВР.