среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 115
home Хроника

Млади битолчани провале дрога, познато е како “оперирале“

Млади битолчани провале дрога, познато е како “оперирале“

Одделението за внатрешни работи Крушево поденсе кривична пријава против С.С.(22) и М.Н.(19), двајцата од Битола, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“.

Првопријавениот нелегално набавувал марихуана, амфетамин и МДМА екстази и ги продавал за однапред договорен паричен надомест, додека второпријавениот вршел продажба во корист на првопријавениот за однапред договорен паричен надомест. На 26.10.2020 во Битола, во домот на првопријавениот, полициски службеници при претрес пронашле дигитална вага, марихуана, амфетамин и мешавина од тутун и марихуана.

Коронавирус