понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Хроника

Млада скопјанка со автомобил излета од патот, заврши во болница

Млада скопјанка со автомобил излета од патот, заврши во болница

Вчера околу 23.00 часот, на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, на мостот во с. Марена, В.М.(23) од Скопје, управувајќи патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и излетала од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.М. и била пренесена во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Коронавирус