понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Млад скопјанец тешко повреден во сообраќајка

Млад скопјанец тешко повреден во сообраќајка

На 18.07.2018 година во 18:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар “Јане Сандански“ и улица “23-ти Октомври“ патничко моторно возило “Мерцедес“ со скопски регистерски таблици  управувано од С.Ѓ.(70) од Скопје удрил во велосипед “РОГ“ управуван од А.Р.(27) од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се задобил велосипедистот кој со возило бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус