вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Млад скопјанец тешко повреден, со мотор падна во Вардар

Млад скопјанец тешко повреден, со мотор падна во Вардар

Мотоциклист од Скопје, синоќа завршил во водите на реката Вардар откако загубил контрола и со мотоциклот излетал од патот.

Несреќата се случила во близина на мостот „Близнаци“ во скопската населба Ново Лисиче.

-На 17.09.2019 во 20.30 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Близнаци“, М.М.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „БМВ“, изгубил контрола и паднал во реката. М.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, се наведува во полицискиот извештај.