четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 88
home Хроника

Млад скопјанец тешко повреден откако излетал со автомобил

Млад скопјанец тешко повреден откако излетал со автомобил

Патнички автомобил „голф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(19) од Скопје изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Несреќата, информираат од МВР, се случила вчера на автопатот „Миладиновци-Штип“, кај клучка за с.Преод во 16:10 часот.

-Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди, а сопатникот А.С.(19) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Свети Николе.

Коронавирус