понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Млад скопјанец приведен: Извршил разбојништво и кражба, жртвите го препознале

Млад скопјанец приведен: Извршил разбојништво и кражба, жртвите го препознале

СВР Скопје до надлежното ОЈО ќе поднесе кривична пријава против лицето Х.И. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека е сторител на две кривични дела  „разбојничка кражба“ и „тешка кражба“.

Првото кривично дело „разбојничка кражба“, соопшти денеска МВР, Х.И. ја извршил на 29.12.2018 година над малолетно лице на ул. „Димитрие Чуповски“ во Скопје, кое физички го нападнал и му одземал мобилен телефон.

Второто кривично дело го извршил на 11.01. 2019 година во спортска обложувалница во Скопје од каде одземал пари.

Х.И. бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и во присуство на надлежен јавен обвинител од страна на оштетените било извршено препознавање.

Коронавирус