понеделник, 27. март 2023. Вести денес: 111
home Хроника

Млад мотоциклист загина кај Битола: Возел на едно тркало, па во него удрил џип

Млад мотоциклист загина кај Битола: Возел на едно тркало, па во него удрил џип

35-годишен мотоциклист попладнево загина во тешка сообраќајна несреќа на излезот од Битола за Ресен во близина на бензиската пумпа „Лукоил”.

Портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, потврдила дека во сообраќајката учествувале џип и мотор, при што лицето кое управувало со моторот починало, објави Тера.

Поради сообраќајката, полицијата го запре сообраќајот низ обиколницата, а возилата се пренасочуваат низ Битола.

Според изјави на очевидци, мотоциклистот возел на едно тркало и неколку пати минал на истиот пат пред да се случи несреќата. Тој беше пренесен во болница, но за жал им подлегна на повредите.

ФОТО А1Он

loading...