среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 127
home Хроника

Млад човек пронајден мртов, пожар избил во возило

Млад човек пронајден мртов, пожар избил во возило

Вчера околу 19 часот во СВР Охрид, доктор од Итна медицинска помош, пријави починато лице во зграда на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид. По преземени мерки, констатирано е дека се работи за 33 годишно лице од Охрид и дека нема траги на насилство, информира СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција.

Вчера околу 02 часот на булевар „Асном“ во Охрид настанал пожар во патнички автомобил „Мини Купер“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од територијалната против-пожарна единица, а увид на местото извршија јавен обвинител и полициски екипи.