сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 50
home Хроника

Млад Албанец уапсен на граница, од Ќафасан пратен во притвор

Млад Албанец уапсен на граница, од Ќафасан пратен во притвор

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.К.(23) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 09.10.2020, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин Ќафасан – Струга сопреле возило „голф“, во кое бил пријавениот и при преглед кај него биле пронајдени 50 грама кокаин.

На Р.К. му е изречена мерка притвор.

Коронавирус