недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Мерцедес удри во велосипедист, охриѓанец тешко повреден

Мерцедес удри во велосипедист, охриѓанец тешко повреден
илустрација

На 20.11.2018 година во 00:35 часот на крстосница на улица „7-ми Ноември“ и булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.М.(41) од Охрид удрило во велосипед управуван од А.Х.(48) од Охрид.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил А.Х. и тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Коронавирус