недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Мерцедес се заби во Јамаха кај село Куклеш- повредено едно лице

Мерцедес се заби во Јамаха кај село Куклеш- повредено едно лице

Тешка сообраќајна несреќа се случила кај селото Куклеш. Според информациите на сообраќајната полиција, вчера во 16.45 часот на крстосница од регионалниот пат село Куклиш-село Банско, во село Мокриево-струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(59) од Струмица и мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од К.Т.(30) од село Мокрино, информираат од МВР.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој по укажаната помош во Медицинскиот центар во Струмица, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Коронавирус