сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 96
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Медицинска сестра нападната во амбулантата во Шуто Оризари

Медицинска сестра нападната во амбулантата во Шуто Оризари

Поради наод од преглед медицинска сестра вчера била нападната во амбулантата во Шуто Оризари.

Како што информираат од полицијата, кај нив во 12:30 часот било пријавено дека во ходникот на амбулантата  медицинската сестра Н.З.(26) била физички нападната од страна на П.А.(33).

-Имено, на настанот претходела расправија меѓу пријавителката Н.З.  и П.А. заради наодот од прегледот на нејзината ќерка. Потоа П.А. ја удрила пријавителката во пределот на лицето, информираат од МВР.

Се работи на целосно расчистување на настанот.

 

Коронавирус