сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Медицинска сестра нападната од пациент во Штип

Медицинска сестра нападната од пациент во Штип

Медицинска сестра на дијализа во Штип била нападната од пациент. Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова настанот е пријавен вчера во 15 часот во полициската станица во Штип.

-В.Б. (57) од Штип пријавила дека истиот ден околу седум часот, додека била на работно место, била физички нападната од 55-годишниот А.Е. од Штип. Се работи на расчистување на случајот, вели Панајотова.

Таа додава дека нотирана е и уште една измама со огревно дрво, но овој пат во светиниколското село Ерџелија

-Во полициската станица Свети Николе било пријавено дека непознато лице со намера да се стекне со противправна имотна корист отишло во домот на З.М и Д.М. од село Ерџелија и ги довел во заблуда со лажно прикажување на факти дека продава огревни дрва, вели Панајотова.

Измамникот од ова светниколоско семејство зел 10.000 денари и заминал, откако увиделе дека станува збор за измама случајот го пријавиле во Полициската станица во Свети Николе. Инаку во рок од седум месеци ова е седма по ред измама на граѓани при купување на огревни дрва во општините од источниот регион, коишто се во надлежност на СВР-Штип.

Коронавирус