вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 0
home Хроника

Маж, жена и син се тепале во Центар, гостиварец се обидел да ги раздвои па го нападнале

Маж, жена и син се тепале во Центар, гостиварец се обидел да ги раздвои па го нападнале

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера е пријавено дека на улицата „Свети Кирил и Методиј“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.

-Имено, најпрво дошло до физичка пресметка меѓу Ф.С. (42), неговата сопруга А.С. (39) и нивниот син 17 годишен син, сите од Скопје. Според пријавеното, на местото на настанот се затекнал Д.М. (47) од Гостивар  и тој се обидел да ги раздвои, по што Ф.С. и неговиот син физички го нападнале, информираат од полицијата.

Лицата се приведени во Полициската станица Центар и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.