вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Маж загина на автопатот „Мајка Тереза“ откако во него удрил автомобил

Маж загина на автопатот „Мајка Тереза“ откако во него удрил автомобил

Педесет и тригодишен пешак од скопското село Буковиќ синоќа загина откако во него удрило возило на автопатот „Мајка Тереза“.

– Синоќа околу 20:55 часот на автопатот „Мајка Тереза“ во атар на село Буковиќ, скопјанецот А.А.(23) управувајќи патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Б.И.(53) од село Буковиќ, Скопско. Во незгодата пешакот од здобиените повреди починал на местото на настанот. Извршен е увид, соопшти МВР. (МИА)

Коронавирус