Маж го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу пладне се случила на улицата „Македонско Косовска бригада“
-Патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.М.(63) од Скопје удрило во пешак Р.З.(83) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде во 13,30 часот од страна на лекар констатирана била смрт, информираат од МВР.
Извршен е увид на местото на настанот.
loading...