петок, 13. декември 2019. Вести денес: 1
home Хроника

Маж тешко повреден од трактор, итно пренесен во Клинички

Маж тешко повреден од трактор, итно пренесен во Клинички

Во СВР Скопје вчера попладне било пријавено дека на местото викано „Јарзиц“, во атар на с.Љуботен, скопско, Р.С.(76) од с.Љуботен, при обид рачно да стартува мотор на трактор „ИМК 539“, истиот се придвижил кон него, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Р.С. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.