сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Хроника

Маж со тешки изгореници итно пренесен на Клиника

Маж со тешки изгореници итно пренесен на Клиника

Триесет и деветгодишен турски државјанин вчера се здобил со тешки изгореници во пределот на главата, со кои се здобил од струен удар, додека работел во зградата во Аеродром.

-Од Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во СВР-Скопје било пријавено дека кај нив со возило на Итна медицинска помош бил донесен турскиот државјанин Х.Ј.(39) со привремен престој во Р.Македонија. Имено, додека Х.J. извршувал работи во зграда во општина Аеродром, од настанат струен удар се здобил со тешка телесна повреда (изгореници од трет степен во пределот на главата), информираат од МВР.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а со случајот запознат бил и Државниот инспекторат за труд.