среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 135
home Хроника

Маж пронајден удавен во базен

Маж пронајден удавен во базен

Во базен во круг на фабрика на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп бил пронајден удавен Г.М.(56) од с.Беровци, кој бил ангажиран како чувар на објектот.

Лицето било пронајдено вчера попладне, по што случајот бил пријавен во полиција.

-Од противпожарна екипа од Прилеп телото било извлечено, а од доктор од итна медицинска помош Прилеп извршен е преглед и констатирана е смрт без траги на насилство, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Коронавирус