четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Маж пронајден починат во Тетово

Маж пронајден починат во Тетово

Утрово околу 7:10 часот од страна на вработени во тетовската Брза помош во полицијата во Тетово било пријавено дека во комплексот Ловец во градот зад продавницата на Жито полог, е пронајдено тело на непознато машко лице без знаци на живот.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, полициска екипа веднаш излегла на посоченото место и при увидот во кој учествувал и јавен обвинител, било утврдено дека станува збор за 58-годишен жител на Ново Село, општина Боговиње.

На телото немало знаци на насилство. По наредба на јавниот обвинител тоа било предадено на семјството за погребување, а случајот ќе се води како природна смрт.

Коронавирус