сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Маж пријавен за исчезнат во Дебар

Маж пријавен за исчезнат во Дебар

Во Дебар пријавен за исчезнат е маж на триесет и тригодишна возраст.

Вчера во Секторот за внатрешни работи – Охрид, Ј.Т.(35) од Дебар, пријави дека од семејниот дом се одалечил нејзиниот сопруг Н.Т.(33). Одделението за внатрешни работи во Дебар презема мерки за негово пронаоѓање, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.

Од СВР-Охрид информираат дека Н.Т. од домот се оддалечил пред неколку дена и не одговарал на телефонските повици.

Димоски, исто така инфирмираше дека во рамки на редовните контроли во сообрајќајот синоќа од 22 до 6 часот полициските службеници регистрирале и санкционирале 4 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.

Коронавирус