недела, 18. април 2021. Вести денес: 89
home Хроника

Маж прегазен во Велес, со тешки повреди пренесен во болница

Маж прегазен во Велес, со тешки повреди пренесен во болница

Велешанец е тешко повреден откако вчера бил удрен од автомобил на улицата „Благој Ѓорев“.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила околу 16:50 часот во кога автомобил „Даеву Матиз“ со велешки регистерски таблици управувано од Д.М. (33) од Велес удрил во пешакот Љ. Н. (71) од Велес.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.Н. на кој му била укажана лекарска помош во oпштата болница во Велес, по што бил задржан на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус