недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Хроника

Маж почина откако се превртел со трактор

Маж почина откако се превртел со трактор
ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА

Б.Т.(63) од Берово починал вчера откако управувајќи трактор на сопствениот имот изгубил контрола, се превртел и паднал под тракторот.

Беровчанецот починал на лице место, а случајот бил пријавен околу 10 часот.

Увид на местото  извршил Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.