недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 77
home Хроника

Маж паднал во необезбеден отвор за лифт, хоспитализиран со тешки повреди

Маж паднал во необезбеден отвор за лифт, хоспитализиран со тешки повреди

Џ.В.(48) од Република Албанија вчера вечерта паднал во необезбеден отвор за лифт од висина од околу еден метар и 70 см во објект во изградба на ул.„Абаз Емин“ во Охрид.

-Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош бил задржан на лекување, информираат од полицијата.

Увид на  местото извршила екипа од СВР Охрид. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.