недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Маж од Струга падна во рацете на полицијата: Извршувал тешки кражби на дрзок начин

Маж од Струга падна во рацете на полицијата: Извршувал тешки кражби на дрзок начин

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против М.М.(33) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторени 14 кривични дела од кои, 11 „тешка кражба на дрзок начин“ и три „одземање моторни возила“.

Тој, во периодот октомври – ноември 2019 година, од повеќе продавници и бензиски станици на подрачјето на Струга, одземал пари и разновидна стока и предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист.