Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Д.С.(46) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 25.11.2018 година во Пробиштип, од страна на полициски службеници, при преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, била пронајдена и одземена ловечка пушка „Zastava“, за која не поседувал соодветна дозвола.