недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Хроника

Маж од Кавадарци тешко повреден на работно место, пренесен на скопска клиника

Маж од Кавадарци тешко повреден на работно место, пренесен на скопска клиника

На 25.02.2019 во 14:05 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со повреди бил донесен Ѓ.С.(56) од Кавадарци, вработен во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – подружница „Бор“- Кавадарци.

По укажаната помош, тој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според пријавата, Ѓ.С. се здобил со повреди додека извршувал работни задачи истиот ден околу 11 часот на место викано „Голем Љубаш“.

Увид на местото извршила увидна екипа од полициската станица Кавадарци.

Се работи на расчистување на случајот.