понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 183
home Хроника

Маж од делчевско претепал инспектор

Маж од делчевско претепал инспектор

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Г.(58) од с.Звегор, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „тешка телесна повреда“.

На 12.02.2020 на Граничен премин „Делчево“, Д.Р.(47) од Берово, вработен во Државен инспекторат за транспорт, додека вршел редовна контрола на патничко возило „комби”, со бугарски национални ознаки, управувано од пријавениот, истиот започнал расправија, а потоа физички го нападнал Д.Р., нанесувајќи му тешка телесна повреда.

Инцидентот тогаш го потврдија и од Здружението на превозници во патниот сообраќај, од каде го осудија нападот врз инспекторот.

-Апелираме до надлежните да ги преземат соодветните мерки, а дополнително бараме да се стави ред со дивите превозници во патничкиот сообраќај, велат од Здружението на превозници.

За сторителот е најавена пријава откако целосно ќе биде документиран случајот.

Ова не е прв случај на физичко насилство на уапсениот. Имено истиот насилник во март 2018-та година нападна и нанесе тешки телесни повреди на цариничка.

Лицето со иницијали Д.Г. со мотокрос влеглo на царинскиот терминал на граничниот премин и во бифето без никаква причина ја нокаутирало цариничката со иницијали М.С., која била на нејзиното работно место во униформа.

Д.Г. почнал да ја навредува цариничката која во тој момент била на својата 12-часовна смена и ручала во бифето.

Тој ја прашал како смее да руча и физички ја нападнал со тупаници и ѝ нанел тешки телесни повреди, по што М.С. паднала во несвест. По настананот Д.Г. побегнал со својот мотор.

Д.Г. ` е добро познат на јавноста и полицијата во Делчево, важи за лице со богато криминално досие и блиски конекции со власта.

Оттука се поставува прашањето дали можеби напаѓачот треба да направи многу посериозно кривично дело како на пример убиство па надлежните да преземат мерки. Останува нејасно и дали некој од актуелната владејачка гарнитура ќе одговара со оглед на тоа што се става во функција на одбрана на насилникот.

Коронавирус