сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Маж обвинет за нелегално приредување игри на среќа

Маж обвинет за нелегално приредување игри на среќа

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се гони за кривично дело – Приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган од член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и забавните игри.

Обвинетиот 33-годишник, во деловен објект лоциран во семејната куќа во сопственост на неговиот татко во Добридол, организирал и приредувал игри на среќа КЕНО без соодветна документација – лиценца односно дозвола од надлежен орган.

При контрола на 25 февруари, полициски службеници му ја пронашле и времено му ја одзеле инсталираната опрема за приредување на игрите на среќа.​​

Коронавирус