среда, 31. мај 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж кривично ќе одговара бидејќи го кажал ОВА додека гласал на локалните избори

Маж кривично ќе одговара бидејќи го кажал ОВА додека гласал на локалните избори

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.М.(67) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторeно кривично дело „повреда на тајноста на гласањето“.

На 31.10.2021 во 10:45 часот, додека го остварувaл своето гласачко право на локалните избори на избирачко место 0835 во Кочани, јавно ѝ кажал на својата сопруга кој број да го заокружи, а откако бил предупреден од Избирачкиот одбор, јавно кажал за кој број гласал.