понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 56
home Хроника

Маж кој фалсификувал пари пренесен во скопскиот затвор

Маж кој фалсификувал пари пренесен во скопскиот затвор

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 44-годишниот Б.Џ. од тетовска Долна Лешница, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело “фалсификување пари”, казниво по член 268 од Кривичниот законик.

Со кривичната пријава тој беше изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор ” Скопје” во Скопје за издржување на мерката.

При претресот извршен вчера (12 март) во домот и помошни простории на Б.Џ. беа пронајдени и одземени околу 13 илјади фалсификувани евра, 250 швајцарски франци, кувајтски динари, обрасци и други фалсификувани материјали (маркички, хартија и слично).

Коронавирус