понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 100
home Хроника

Маж ќе одговара за „недозволена трговија“, еве што најде полицијата во неговото комбе

Маж ќе одговара за „недозволена трговија“, еве што најде полицијата во неговото комбе

Денеска (21.09.2021), на локалниот пат Радишани- Побожје, кон с.Танушевци, скопско, при контрола на комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. од с.Танушевци, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север пронашле поголема количина стока за широка потрошувачка без соодветна документација.

Поради постоење сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“ лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Бутел за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Локални избори 2021