недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Маж ја повредил сопругата, па го пронајдоа удавен во Црна Река

Маж ја повредил сопругата, па го пронајдоа удавен во Црна Река

На 03.12.2020 околу 11.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Црна Река кај с.Шивец, кавадаречко, било пронајдено удавено лице.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, Јавен обвинител и лекар од ЈЗУ Општа болница.

При увидот било утврдено дека се работи за лицето Г.М.(74) од с.Шивец, а на телото не биле пронајдени траги на насилство.

По преземени мерки, било констатирано дека, претходно, во семејниот дом Г.М., по вербална расправија, со остар и тврд предмет ја нападнал неговата сопруга М.М.(84), по што заминал од дома.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус